сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Дел Понте: Караџиќ ќе има време да зажали поради злосторствата

del ponte

Последни вести

Екс лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ мораше да добие доживотна казна затвор, смета поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте.

Таа за белградскиот весник „Блиц“ изјави дека сепак не е незадоволна од пресудата со која Караџиќ е осуден на 40 години затвор за геноцид во Сребреница и извршени злосторства против човештвото врз муслиманите и Хрватите за време на војната во БиХ.

– Мора да се признае дека правдата е сепак задоволена. Искрено се надевам дека Караџиќ ќе има повеќе од доволно време во својата затворска ќелија да размислува за сите злосторства кои ги извршил и поради нив да зажали, истакна Дел Понте, која денес го истражува кршењето на човековите права во Сирија.

Таа нагласи пресудата е многу важна за мирот и стабилноста во регионот.

Најчитани вести