Дел Потро му се врати на тенисот – со пораз

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро му се врати на тенисот, откако имаше неколку месечна пауза поради повреда.

Тој настапи во првото коло на Мастерсот во Мајами, но беше тесно поразен од Канаѓанецот Васек Посписил со 6:4 и 7:6 по сетови.

Сепак и покрај поразот, Аргентинецот не го крие своето задоволство што повторно се наоѓа на тениските терени.

“Не ми е важно што загубив и што сум доле на АТП-листата, најважно од сѐ ми е што повторно играм тенис. Не сервирав добро во клучните моменти, затоа го загубив мечот. Но, нема да се предадам, ќе продолжам со напорните тренинзи и ќе се обидам да се вратам во горниот дел”, изјави Дел Потро.

Во наредната фаза, Посписил ќе игра против бугарскиот тенисер Григор Димитров, а пласман во следната рунда обезбедија и Болели, Клизан, Кукушкин, Јужни, Монако..

Втората светска тенисерка Марија Шарапова доживеа шокантна елиминација во второто коло на Мастерс – турнирот во Мајами. Таа загуби од својата сонародничка Дариа Гаврилова со 2-0 во сетови. Гаврилова е рангирана на 97-та позиција на ВТА листата.