Дел Потро нема да игра на УС Опен

Хуан Мартин Дел Потро, победникот од 2009 година, нема да игра на годинешниов УС Опен, објавија организаторите.

Дел Потро има незгодна повреда на зглобот на раката која ја влече подолго време, па не сака да ризикува додека не закрепне целосно. Инаку Аргентинецот во моментов се наоѓа на 11. место на АТП листата, а последен турнир на кој настапи беше во Дубаи, во февруари годинава.

Ако се земе предвид дека големи се шансите на УС Опен да не го видиме и Рафаел Надал, може да очекуваме навистина осиромашен Грен Слем турнир во САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.