Дел Потро повторно мора на операција

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро, нема среќа со повредите, откако повторно ќе мора да отсуствува подолг период од терените. Аргентинскиот тенисер долго време настапуваше повреден, но одлучи повторно да замине под нож поради болката во зглобот на раката.

„Веќе извесно време се обидував да бидам конкурентен и да играм повреден, но сега веќе тоа е невозможно. По консултациите со својот лекар решивме да заминам на нова операција, на зглобот на левата рака“ изјави Дел Потро.
Аргентинецот нема да може да се врати на терените до крајот на 2014 година бидејќи по првата ваква операција, во 2009 година, отсуствуваше дури девет месеци од терените.