Делата од ликовната колонија „Скопје 2014“ изложени во Музеј на град Скопје

Изложба на дела работени на 9. Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2014“ е поставена во Музејот на град Скопје. Изложбата е во рамки на манифестацијата за одбележувањето на 70-годишнината од ослободувањето на Скопје.

На изложбата се претставени ликовни дела на десет академски уметници, припадници на различни генерации кои живеат и создаваат во различни средини. Пет од десетте уметници се од Македонија, а пет од странство.

Ликовните дела се создадени за време на ликовната колонија што се одржа од 20 до 30 август во организација на Град Скопје, Музејот на град Скопје и хотелот  Солун.

Изложбата ќе биде поставена во Музејот на град Скопје до 24 ноември.