петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 0

Делчевата Внатрешна Револуционерна Организација и денешна Македонија

StefanVlahovMitcov

Стефан Влахов – Мицов

Оваа колумна ја пишувам пред 2 август, затоа што знам со кои зборови ќе се обратат македонските политичари на празникот. Тие зборови ќе бидат од аспект на потребите кон решавањето на политичката криза, за единство на нацијата, за внатрешни и надворешни предизвици, за интеграции и така натаму, сме ги слушали повеќе пати. Тоа се повици без содржина но, од устата на денешниве политичари звучат гротескно. На тој начин, секоја година политичарите го девалвираат делото и пораките на Илинден. И таа девалвација оди и преку зборови и преку дејствија.

Всушност, Илинден 1903 беше планиран од непријателски надворешни фактори во однос на Македонија. Целта беше да стане гробница на македонскиот народ. Таа спремана катастрофа беше олеснувана свесно или несвесно од некои лидери на Внатрешната организација.

ЕТЕ ТУКВА Е НАЈГОЛЕМАТА ПОРАКА НА ИЛИНДЕНЦИТЕ, КОЈА ЈА СИНТЕЗИРА ПОЕТОТ НИКОЛА ВАПЦАРОВ:

со крвта

на простиот народ

во Илинден ставивме

наша содржина

/Илинденска/

Така, од спреманиот однадвор физички и духовен пораз на Илинденците, останаа бројни жртви, но македонскиот дух се подигна уште повеќе. Тој факт во 1903 година го забележа Хенри Брејсфорд: “Востаничкото движење во стварност е вистинско македонско движење, подготвувано од Македонци, водено од Македонци и потпомогнато од страсното со сочувствување на огромното мнозинско словенско население”. Не е парадокс дека по Илинден македонскиот народ независно од поразот остана единствен, а лидерите на Внатрешната организација влегоа во меѓусебен судир и целосно се разоткрија кој е кој. Тоа е уште еден доказ за народната мудрост дека “Рибата мириса од главата”. Тоа е и доказ на кому му припаѓа вината за да биде македонскиот народ така и жестоко распарчен и територијално поделен по Балканските војни.

Зошто во меморијата на македонскиот народ Внатрешната револуционерна организација до 1903 година е запишана како Делчева? Гоце Делчев не е меѓу основачите на Организацијата и никогаш ѝ не е бил нејзин Претседател. Нешто повеќе. Никогаш немал ни формално високи позиции и во Централниот комитет. Истовремено, бил прифаќан од сите (вклучително непријателите) како лидер и авторитет на ВМО. Затоа и спред сведоштвото на Димо Хадџи Димов, убистото на Делчев е доживеано како удар врз целиот македонски народ: “Петнаесет часа ние го гледавме мртвиот Гоце, наведнат, чиниш врз гробот на Македонија. И петнаесет часа ни се кинеа срцата. Затоа што остана сирак целиот народ”. Од друга страна, големо е задоволството на софиските врховисти Иван Цончев, Атанас Јанков, Софрониј Стојанов, Александар Протогеров: “Најсетне се куртуливме од тоа куче”.

Пред Делчев никогаш немало дилеми за целите на македонската борба. Уште во 1895 година во писмо до Ефрем Каранов тој пишува за Македонија како „слободна државичка“. Немало дилеми и за карактерот на таа борба: „Делото на ослободувањето на еден народ, е пред сè негово сопствено дело, на неговите сопствени раце“. На 12 јануари 1903 година пред Јаворов, Делчев е уште подециден: „Ќе го скинеме црниот превез и ќе изгрее сонцето на слободата, но не бугарско сонце“. И за да нема никакви сомнежи во однос на македонските соседи, потцртува: „Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но нè и за добар Македонец“.

КРАТКО И ЈАСНО. ДЕЛЧЕВАТА ВМО СЕ ЗАЛАГА ЗА СЛОБОДНА ДРЖАВА ИЗВОЈУВАНА И ИЗГРАДЕНА ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, КОЈА ВО ИДНИНА ЌЕ ИМА СВОЈА САМОСТОЈНА ПОЛИТИКА И ЌЕ ГИ БРАНИ ПОСЕБНИТЕ МАКЕДОНСКИ ИНТЕРЕСИ.

ОД ТУКА И ПРАШАЊЕТО: ДАЛИ МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЕН ВРВ ЗНАЕ ШТО Е СЛОБОДНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА, САМОСТОЈНА МАКЕДОНСКА ПОЛИТИКА И ПОСЕБНИ МАКЕДОНСКИ ИНТЕРЕСИ? АКО ЗНАЕ, ЗОШТО НЕ ГИ РЕАЛИЗИРА ПОРАКИТЕ НА ДЕЛЧЕВ И НА ВНАТРЕШНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА, КОИ ИНАКУ ГИ СЛАВИ? ИЛИНДЕНЦИТЕ СЕ ЖРТВУВАА ЗА СВОИТЕ ИДЕИ, ДЕНЕШНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ БАРААТ САМО ВЛАСТ БЕЗ ИДЕИ И БЕЗ ЖРТВИ.

Во 1903 Илинденците се бореа за своја држава, но уште пред тоа тие веќе создале  “држава” во Османлиската империја. На тој начин, целта на востанието беше официјално признавање на практично реализираниот модел на држава врз основа на директна демократија на македонскиот народ согласно традициите на античката македонска држава. Според летописецот Христо Силјанов: “Организацијата за селата го доби значењето на вистинска народна власт, авторитет, справедлива до жестокост и способна да ги налага своите решенија. Таа нова власт ги прошири своите атрибути и ги распростре своите братски грижи врз целиот народен живот”. Затоа за сите животни прашања – традиции, образование, судство македонскиот народ се обраќа не кон официјалниот османлиски систем, туку кон институциите на Внатрешната организација. Ги прифаќа и ги почитува нивните одлуки. Организацијата е спој меѓу централизам и директна демократија. Секој што покажел квалитет можел да стане раководител, а исто така можел и да биде сменет заради бескарактерност или гревови. Преку Организацијата самиот народ воздигнувал или казнувал. Македонците прокламираа својата волја и желба во каква држава сакаат да живеат и преку Декларацијата за основните права на граѓаните на Македонија на АСНОМ на 2 август 1944 година.

Целите на Делчевата ВМО, на АСНОМ и на македонскиот народ до ден-денес се “цитираат” од политичарите, како Ѓаволот што го чита Еванѓелието. Повеќе од еден век “азбуката” на тие политичари е како претскажаната од Џорџ Орвел: слободата се идентификува со попство, националниот интерес – со велепредавство, борбата – со полтронство. ОД ТУКА И СЛЕДНОТО ПРАШАЊЕ: КАКОВ ИЛИНДЕН СЛАВИМЕ НИЕ? ДАЛИ ИЛИНДЕН ЗА КОЈ ИЗГОРЕА ДЕЛЧЕВ, ПИТУ ГУЛИ, НИКОЛА КАРЕВ ИЛИ ИЛИНДЕН ШТО САКАА ДА НИ ГО НАМЕТНАТ МАКЕДОНСКИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ? Со кои очи претседателот на македонското Собрание Велјановски ќе се исправи пред спомениците на Делчев, на Димитар Поп-Георгиев Беровски, на Чуповски во Скопје, премиерот Димитриев ќе држи слово на Мечкин Камен во Крушрво, а претседателот Иванов во Пелинце? Нели сето тоа што ќе го кажат е контрадикторно на нивните дејствија:

ПРВО, ИМА ЛИ НЕКОЈ ОД ДЕНЕШНИВЕ ПОЛИТИЧАРИ КОЈ НАЈПРВИН ЌЕ ЗБОРУВА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ХЕРОИ ПРЕД НИВНИТЕ БОЈОСАНИ СПОМЕНИЦИ? ЗА КАКВИ НИВНИ ДЕЛА И ПОРАКИ ЌЕ ЗБОРУВААТ АКО ДОЗВОЛИЈА АТЕНТАТИ ВРЗ САМИТЕ СПОМЕНИЦИ?

ВТОРО, ИМААТ ЛИ ПРАВО ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ЗБОРУВААТ ВО ИМЕ НА ПРАКТИЧНО НЕПОСТОЕЧКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА, КОЈА ЈА РАЗГРАДУВААТ И УНИШТУВАТ ВЕЌЕ 25 ГОДИНИ? ЗА КАКОВ КОНТИНУИТЕТ ЗА ИЛИНДЕН ЌЕ ЗБОРУВАМЕ КОГА ТИЕ ПОД ОСМАНЛИСКО ВЛАДЕЕЊЕ ГРАДЕА ДРЖАВА, А НИЕ ЈА УРИВАМЕ ЗАТЕКНАТАТА ОД 1991 ГОДИНА?

ТРЕТО, ДЕЛЧЕВАТА ВРО НЕ САМО ШТО СОЗДАВАШЕ МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУЦИИ  –  БЕЗБЕДНОСНИ, ФИНАНСИСКИ, СУДСКИ И ВОСПИТУВАШЕ СО ПОЧИТ КОН НИВ. ТИЕ ИНСТИТУЦИИ БЕА ЧИСТО МАКЕДОНСКИ И ОДГОВАРАА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ. ОРГАНИЗАЦИЈАТА НЕ ГИ ПРИФАТИ ОБИДИТЕ НА ГОЛЕМИТЕ СИЛИ ДА НАМЕТНАТ СВОИ РЕФОРМИ ВО МАКЕДОНИЈА.

ЧЕТВРТО, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БЕШЕ ЕДИНСТВЕН ЗАТОА ШТО САМ ОДЛУЧУВАШЕ ЗА СЕБЕ ВО ВНАТРЕШЕНИОТ ПЛАН. КАТАСТРОФАТА И ТОГАШ И ДЕНЕС ДОЈДЕ ОТКАКО НЕКОИ ЛИДЕРИ ПОБАРАА СТРАНСКИ СУГЕСТИИ И ПОДДРШКА.

Македонската епопеја во 1903 година можеше да заврши успешно, ако спремноста на македонскиот народ за борба беше целосно искористен. Тоа не се случи. СО ИСКЛУЧОК НА ДЕЛЧЕВ И УШТЕ НЕКОЛКУМИНА, ВО МАКЕДОНИЈА НЕМАШЕ ВИСТИНСКИ ЛИДЕРИ КОИ СЕ БОРАТ ЗА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА. Затоа, надвор од директни пораки на Илинден, има и индиректна порака до сегашните генерации: НОСИТЕЛ НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ, ЈАЗИК И ТРАДИЦИИ Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, А НЕ ПОЛИТИЧАРИТЕ КОИ МУ СЕ НАМЕТНУВААТ И СЕ КОЛНАТ ВО НЕГОВО ИМЕ. На 26 јули станаа 90 години ос смртта на Крсте Мисирков, кодификатор на македонскиот литературен јазик и македонски великан – визионер. По тој повод, од политичарите немаше ниту збор, затоа што се спремаа за капитулантското гласање во Собранието на “Пржино 2”. Т.е. за новиот чекор во уништувањето на македонската држава. На политичарите не им се потребни ни Делчев, Сандански ниту пак Мисирков – денешните Херостратовци се плашат од нив.

ТОА ЗНАЧИ ДЕКА СЕГАШНИТЕ МАКЕДОНСКИ ГЕНЕРАЦИИ МОРА СЛИЧНО КАКО И ИЛИНДЕНЦИТЕ ДА ГО ВРАТАТ  ВИСТИНСКИОТ МАКЕДОНСКИ СЈАЈ НА МАКЕДОНИЈА.

Најчитани вести