Делчевец нападнал полицаец на должност

Триесет и едногодишниот З.П. од Делчево доби кривична пријава бидејќи минатиот месец нападнал полицаец кој се обидел да го уапси.

Пријавениот требало да биде уапсен поради нарушен јавен ред и мир. Тој го нападнал полицаецот и му упатувал сериозни закани по животот загрозувајќи му ја сигурноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.