Македонија,Крими хроника

Делчевец од странство и се заканувал на полицијата

Делчевец од странство и се заканувал на полицијата

Триесет и осумгодишниот Т.А. од Делчево доби кривична пријава бидејќи во неколку наврати се заканувал на вработени во делчевската полиција.

Тој на 15. декември минатата година во неколку наврати се јавил во полициската станица Делчево и на полицаецот му се преставил и му рекол дека се јавува од Швајцарија. Поради тоа што таткото на пријавениот бил физички нападнат во Делчево, Т.А. веднаш почнал да упатува, закани, навреди и пцовки, велејќи дека ќе се врати во државата и ќе посегне по животот на полициските службеници, а полициската станица ќе ја крене во воздух.