Делегациите на Дамаск и опозицијата одржуваат преговори во Женева

Утринската сесија на сириските преговори беше отворена во Женева, а делегациите на Владата и опозицијата заседаваат во една сала, изјавил за „РИА Новости“ претставник на опозициската Сириска национална коалиција. Тој додал дека специјалниот претставник на Обединетите Нации и Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими ги координира дискусиите.

Вчера во Женева започна вториот круг на мировните преговори. Во текот на утринската сесија Брахими одржа одделни состаноци со секоја од делегациите. Според информациите на министерот за надворешни работи на Сирија, Фајсал Микдад, овој формат е избран од самиот Брахими.

Според податоците на западните медиуми, специјалниот претставник на ОН ќе се среќава со делегациите одделно, додека не стане поповолна атмосферата на преговорите.