Делегација на Бордот на директори на ЕБОР ќе ја посети Македонија од 19 до 22 октомври 2014

Делегација на Бордот на директори на ЕБОР ќе ја посети Македонија од 19 до 22 октомври 2014.Посетата ќе претставува можност Директорите на Бордот да се сретнат со врвот на државното раководство, претставниците на локалните бизниси, странските инвеститори и граѓанскиот сектор, како и меѓународните финансиски институции и дипломатската зедница. Делегацијата ќе го посети главниот град Скопје, како и клиентите и партнерите на банката во Охрид, Прилеп и Кавадарци.

Директорите ќе остварат средба со: Претседателот Ѓорѓе Иванов; Заменик Премиерот и Министер за финансии Зоран Ставрески; Заменик Премиерот за економски работи Владимир Пешевски; Заменик Премиерот за европски интеграции Фатмир Бесими; Гувернерот на Народна Банка Димитар Богов; Министер без портфолио задолжен за странски инвестиции Веле Самак; Главниот и извршен директот на Дирекцијата за технолошки и индустриски зони, Виктор Мизо и Потпретседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска.

Делегацијата на Бордот на директори на ЕБОР ќе биде во состав Рафаел Бело, Директор во Бордот на ЕБОР за Франција;
Еврен Дилекли, Директор во Бордот на ЕБОР за Турција, Романија, Азербејџан, Киргиска Република; Макото Хонда, Директор во Бордот на ЕБОР за Јапонија; Калин Митрев, Директор во Бордот на ЕБОР за Бугарија, Полска, Албанија; Артем Шевалев, Директор во Бордот на ЕБОР за Швајцарија, Украина, Лихтенштајн, Туркменистан, Србија, Црна Гора, Молдавија;Луен Тран, Директор во Бордот на ЕБОР за САД; Пол Вландерен, Директор во Бордот на ЕБОР за Холандија, Монголија, Македонија и Армениа.

Во придружба на делегацијата ќе бидат Анка Јоана Јонеску, Претставник на ЕБОР за Македонија, Холгер Муент, Директор за Западен Балкан, ЕБОР и Олег Левитин, Виш политички советник, ЕБОР. ЕБОР започна со своите инвестиции во Македонија во 1993 година и до денес има потпишано над 80 проекти со нето кумилативен деловен обем над 1,1 милијарда евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.