Делегација на Бундестагот во посета на Македонија

Делегација на Парламентарната група за соработка меѓу Германија и Југоисточна Европа при Бундестагот денеска е во посета на Република Македонија.

Како што е најавено, делегацијата ќе има средба со Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија.

Предвидена е и заедничка средба со Антонио Милошоски, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија и претседател на Комисијата за надворешна политика и нивните членови, како и со Нора Алити, заменик-претседател на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија и членовите.