Македонија

Делегација на Град Скопје положи цвеќе во паркот „Жена-борец“

Делегација на Град Скопје положи цвеќе во паркот „Жена-борец“

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева во чест на големиот македонски државен празник 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, денеска положија цвеќе пред Споменикот на основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација во паркот „Жена борец“.

По повод овој голем празник цвеќе положија и делегации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Министерството за одбрана и АРМ, претставници на здруженијата на борци, претставници на дипломатските претставништва, политички партии и други здруженија.

Polaganje cveke 23 Oktomvri 2014 (1)