Делегација на Град Скопје положи цвеќиња пред споменикот „Паднати херои за Македонија“

Делегација на Град Скопје, составена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, во чест на големиот македонски државен празник 8.Септември, денеска положија цвеќиња пред споменикот „Паднати херои за Македонија“, во паркот „Жена борец“.

Пред споменикот „Паднати херои за Македонија“ цвеќе положија и делегации на Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија, кабинетот на Претседателот на Република Македонија, делегации од политички партии, општини, дипломатскиот кор и граѓански здруженија.

polozuvanje-cvekje1

Оваа година се одбележуваат јубилејни 25 години од прогласувањето на независност на Република Македонија, по одржувањето на референдум каде убедливо мнозинство од граѓаните се изјаснија за прогласување на независност и самостојност.

polozuvanje-cvekje2

polozuvanje-cvekje3

polozuvanje-cvekje4