Делегација на Градот Скопје положи цвеќе пред споменикот на ослободителите на Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева во чест на големиот македонски државен празник 11-ти Октомври, денеска положија цвеќе пред Споменикот на Партизанските гробишта во Бутел.

По повод овој голем празник цвеќе положија и делегации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Министерството за одбрана и АРМ, претставници на здруженијата на борци, претставници на дипломатските претставништа, политички партии и други здруженија.

Покрај Споменикот на Партизанските гробишта во Бутел, цвеќе беше положено и пред гробовите на поранешните претседатели на Република Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и пред гробот на генерал Михајло Апостолски, лоцирани во градските гробишта “Бутел”.