Делегација на МПЦ во посета на Рим и Ватикан

По повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители – светите браќа Кирил и Методиј, делегација на Македонската православна црква Охридска епископија (МПЦ-ОА), предводена од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан,  е во посета на Рим и Ватикан, каде што ќе се одржи молебен на гробот на свети Кирил, во базиликата „Св. Климент Римски”.

Претставниците на МПЦ ќе имаат прием и средба со папата Франциско, а ќе посетат и други институции и институти на Ватикан и Италија, соопшти денеска Канцеларијата на Светиот архиерејски синод на МПЦ -ОА.

Дел од делегацијата се митрополитот европски г. Пимен и епископот хераклејски г. Климент, а во придружба на свештенослужители и верници од Македонија.