Делегација на МВР на регионален самит за борба против тероризмот

Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од  заменик-министерот Земри Ќамили денеска и утре во Тирана учествува на регионален самит за борба против насилен тероризам, кој го организира Министерството за внатрешни работи на Албанија.

– Во рамки на предвидените панел-сесии,  заменик-министерот Ќамили учествува со свое обраќање поврзано со улогата на локалните власти во борбата против насилниот екстремизам, во насока на истакнување на врската која постои меѓу локалните заедници, невладините организации  и националните влади во решавање на прашањето на насилниот екстремизам на Балканот, соопшти МВР.