Македонија

Делегација на општина Илинден положи цвеќе на споменикот на Васил Аџиларски

Делегација на општина Илинден положи цвеќе на споменикот на Васил Аџиларски

Во рамките на одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба, делегација на Општина Илинден предводена од градоначалникот Жика Стојановски положи свежо цвеќе пред бистата на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци.

На одбележувањето беа присутни роднини и познајници на семејството Аџаларски, голем број на граѓани, советници од Советот на Општина Илинден, претставници на јавните претпријатија, училиштата и на здруженија на граѓани.

Odbelezuvanje Den na revolucionernata borba vo Ilinden

Аџаларски е роден во село Аџалари, денешно Миладиновци во 1880 година на територијата на денешната Општина Илинден, а загинува 1909 година. Тој пред и по Илинденското востание предводел поголема комитска дружина, а во неговата чета имало повеќе комити од околните места на денешната Општина.

Со положувањето на свежо цвеќе, спомнувањето на големите настани од поблиското историско минато и оддавањето почит на македонските револуционери, Општина Илинден традиционално секоја година се вклучува во одбележувањето на Денот на Македонската револуционерна борба.