Делегација на словенската Армија во посета на Македонија

Делегација на Вооружените сили на Република Словенија предводена од началникот на ГШ генерал мајор Андреј Остерман престојува во официјална посета на Армијата на Република Македонија.

Делегација ќе биде пречекана со високи воени почести од страна на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, а за време на престојот ќе се сретне и со министерот за одбрана Зоран Јолевски.

На средбата се очекува да се разговара за унапредување на билатералната воена соработка, заедничката обука меѓу двете армии и искуствата на АРМ од учеството во мисиите предводени од НАТО и ЕУ.

Началникот на ВС на Словенија ќе има можност да го посети и Центарот за обука на пилоти каде ќе биде запознаен со капацитетите и можностите за обука.