Делегација на Стопанската Комора на Македонија на третиот Самит за Западен Балкан

Делегација на Стопанската комора на Македонија предводена од претседателот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, заедно со останатите комори-членки на Коморскиот инвестициски форум, учествува на третиот Самит за Западен Балкан, кој се одржa во рамките на „Берлинскиот процес“ во Париз, Франција.

Пред учесниците на Самитот беа претставени досегашните активности на Коморскиот инвестициски форум и плановите за развој на регионалната платформа којашто ги обединува осумте комори од регионот (Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Словенија), кои се моќен репрезент на економиите од овие земји со 350.000  компании. Знаејќи дека извозот на секоја земја од Западен Балкан заедно со Хрватска и Словенија е мал и затоа мора  да соработуваме заеднички во регионот, да се здружиме и преку заеднички конзорциуми, да се осовојуваат нови пазари и да се зголемува извозот, а тоа е една од целите на Коморскиот инвестициски форум.

На Самитот заедно со коморите – членки на Коморскиот инвестициски форум, учествуваа и компании од Македонија, кои дебатираа на посебните паралелни сесии за транспорт и инфраструктура, енергетика и развој на дигитално опшстество.

sskm-2

Самитот во Париз има огромно значење, не само од економски аспект, бидејќи Европа праќа јасна порака дека за Западен Балкан не постои друга алтернатива. Сите комори од регионот имаат исти цели, кои се остварливи само преку посветеност на патот кон европската интеграција на регионот, поголема посветеност за развојот на економијата, и создавање на поволен амбиент за уште  поголеми инвестиции во поволна економска клима креирана од страна на владите во земите од регионот, што беше и главна порака на Самиот. Моментот на случувањата со Брегзит, треба да се искористи за намалување на бариерите, промовирање на партнерства и соработка во регионот и формирање на конзорциуми во рамките на регионот за настап на нови пазари, а ова беше и една од пораките којашто во име на Коморскиот инвестициски форум беше упатена до учесниците на Самитот.

Во завршниот говор на Самитот од страна на францускиот министер за економија Емануел Маркони, беше потенцирано дека токму соработката во рамките на Коморскиот инвестициски форум е пример за одлична сорботка во рамките на Западен Балкан, како инструмент за привлекување на нови инвестиции на регионално ниво.

На Самитот во Париз учествуваа и високи претставници на Европската унија, министрите за економија на земјите од регионот, претставниците на европските финансиски институции, Светска банка и компании од регионот на Западен Балкан и Франција.

sskm-han

Европскиот комесар Јоханес Хан,  во своето обраќање на Самитот истакна дека и покрај тоа што во овој период, Европската унија навлегува во тешка фаза, сепак постои европска перспектива за земјите од Западен Балкан, но процесот на пристапување кон Европската унија не е само процес на усогласување на законодавствата во земјите, туку фокусот треба да биде и на економијата, економскиот развој, зголемување на конкурентноста, јакнење на инфраструктурното поврзување на земјите од регионот и подобрување на инвестициската клима.

Министерот за финасии  на Франција, Мишел Сапен истакна дека е многу важно да се задржи европската прескпектива на земјите од Западен Балкан, но и самиот факт дека во регионот скоро во сите земји економскиот раст достигнува скоро три одсто, претставува мотив уште повеќе за во иднина да се посвети внимание и на развојот на инфраструктурата, транспортот и енергетиката, што ќе придонесе за уште поголема конкурентност во земјите и привлекување на нови инвестиции.

По завршување на работниот дел на Самитот, во Комората на Франција се одржа и состанок на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум, каде што покрај претседателите на коморите од регионот, учествуваа и Бернард Бруне, раководител на Генералниот Директорат за проширување на Европската унија, Дирк Вантигем, оперативен директор на Европската асоцијација на коморите и Горан Свилановиќ, генерален секретар на регионалниот совет за соработка.

На состанокот беше усвоена заедничка декларација за понатамошните активности и проекти кои се дел од Акциониот план на Коморскиот инвестициски форум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.