Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на средбата во Виена

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на состанокот на лидерите на четирите најголеми партии од Македонија за излез од кризата, што во петок во Виена го планира меѓународната заедница.

Од ВМРО-ДПМНЕ за МИА потврдија дека ја добиле поканата што тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит, вклучени во постигнувањето и спроведувањето на договорот од Пржино, ја упатиле до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.

На средбата во Виена е предвидено да присуствуваат и комесарот на ЕУ за преговори за проширување Јоханес Хан и амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.