Делегација на ВМРО-ДПМНЕ на средба со Хајндл

Делегација од ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл.

На средбата, како што информираат од партијата, се разговараше за актуелната политичка состојба, позициите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со постигнување на решенија од областите опфатени со политичкиот договорот постигнат минатата година, како и европските интеграции како дел од стратешките приоритети на државата.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакното дека партијата е посветена кон постигнување на позитивни решенија базирани врз европските искуства кои ќе бидат рационални и ќе го запазат општествениот интерес. Беше постигната согласност дека е потребен конструктивен пристап и отвореност на сите политички чинители.

Истовремено беше истакнато дека изборите се прифатливо, посакувано и единствено решение за надмнување на политичката криза, но базирајќи се на претходните искуства и однесување на СДСМ, тоа треба да биде без неосновано лицитирање на нови термини кои подоцна ќе бидат одлагани.

Во однос на избирачкиот список од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека СДСМ ќе мора да даде потврда и да се обврзе дека тој е прочистен, а во периодот кој следи посветено ќе се работи на подигање на довербата во Избирачкиот список, иако тој за ВМРО-ДПМНЕ не е спорен сегмент.

Во однос на сферата медиуми, беше истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ се залага да не смее да се казнува, ниту новинар, ниту медиум за искажан став, како и релаксирање на казнената политика и одредби за медиумите со што ќе придонесе за зајакнување на нивната независност и ќе се влијае на унапредување на состојбите.

Беше истакнато дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ врвен интерес е напредок во интеграциските процеси како и спроведување на интензивната реформска агенда која подразбира дополнително унапредување на состојбите и критериумите.

Во тој правец Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ утврди предлог закон за Народен правобранител базиран на европските принципи и препораки, закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, закон за престанување на важењето на законот за Совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија, а беа доставени до четирите партии двата медиумски закони, законот за медиуми и законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а во владина процедура е и изменување и дополнување на законот за судски совет заради усогласување со претходниот закон. Сите овие закони се дел од итните рефоромски приоритети со што се потврдува посветеноста во исполнување на критериумите утврдени со пристапниот процес во ЕУ, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.