Делегација од АЕК во Даблин

Делегација од Агенцијата за електронски комуникации предводена од директорот Роберт Орданоски, присуствуваше на пленарна седница на Групата на независни регулатори (IRG) и Европското тело на регулатори за електронски комуникации (BEREC) во Даблин, во својство на потпретседатели.

На седницата присуствуваа претставници на регулаторните тела од земјите членки на Европската унија, земјите кандидати за проширување и земјите членки на ЕФТА.

Учесниците дебатираа за теми од областа на регулацијата на електронските комуникации и усвоија повеќе извештаи. Се дискутираше и за новостите во врска со предложената регулатива од страна на Европската комисија. Поголема дискусија е развиена за начинот на кој Групата на независни регулатори (ИРГ) ќе ја продолжи својата работа преку конкретни активности и цели посебно во насока на создавање форум кој ќе се користи за споделување на знаење и искуство за помладите експерти.

Директорот Орданоски, како што денеска информира АЕК, презентирал извештај од посетата на Јапонија на која биле присутни и претседателот и потпретседателите на ИРГ/БЕРЕЦ.