Македонија

Делегација од Град Скопје ќе положи цвеќе по повод 11 Октомври

Делегација од Град Скопје ќе положи цвеќе по повод 11 Октомври

Официјална делегација составена од членови на Советот на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, утре, по повод државниот празник 11Октомври, ќе положи цвеќиња на неколку локации во Скопје.

Во 10 часот, цвеќиња ќе бидат положени пред споменикот на Партизанските гробишта во Бутел, на бистата на генерал Михајло Апостолски  во Бутел и на гробовите  на поранешните претседатели на Република Македонија, Киро Глигоров и Борис Трајковски.

Еден час подоцна, во 11 часот, делегацијата на Град Скопје, цвеќиња ќе положи и на споменикот на Методија Андонов Ченто на Плоштадот Македонија и на Споменикот на паднатите херои за Македонија, во паркот „Жена борец“ наспроти Собранието на Република Македонија.