Македонија

Делегација од Град Скопје положи цвеќе на гробот на Трајковски

Делегација од Град Скопје положи цвеќе на гробот на Трајковски

Делегација на Градот Скопје, предводена од градоначланикот на Град Скопје, Коце Трајановски и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска положија цвеќе на гробот на поранешниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски и на гробовите на дел од лицата кои загинаа во авионската несреќа, лоцирани во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел.

На гробовите на Претседателот Трајковски цвеќе положија и делагации од Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, државни институции, политички партии, претставници на дипломатскиот кор и здруженија на граѓани.

Денеска се обележува 11 годишнината од трагичната смрт на на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар, Република Босна и Херцеговина. Во авионска несреќа покрај Претседателот Трајковски, загинаa и осум лица кои беа во авионот: портпаролот на Претседателот Трајковски, Димка Илкова Бошковиќ, советниците на претседателот Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот Марко Марковски и Бранко Ивановски.

11 godini od zaginuvanje na Pretsedatelot Boris Trajkovski (2)