Македонија

Делегација од Македонија учествува во Парламентарното собрание на Советот на Европа

Делегација од Македонија учествува во Парламентарното собрание на Советот на Европа

Шефот на Делегацијата на Сообранието на Република Македонија г. Александар Николоски и заменик членот на Делегацијата г. Имер Алиу, од денеска учествуваат на летната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур. Овој настан ќе трае до 27 јуни.

На оваа сесија ќе се разгледува извештајот на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и предвремените парламентарни избори во Република Македонија.

Другите теми на сесијата се извештајот за насилството во медиумите, предизвиците на Банката за развој на Советот на Европа, како и парламентарниот придонес за решавање на конфликтот во Западна Сахара.

Свое обраќање се очекува да имаат претседателот на Азербеџан, г. Илхам Мамадов, министерот за надворешни работи на Азербеџан, г. Елмар Мамадијаров во својство на претстедавач со Комитетот на министрите на Советот на Европа, а пред пратениците на Парламентарното собрание ќе се обрати и новоизбраниот претседател на Украина, г. Петро Порошенко.

На летната сесија ќе се избира и генерален секретар на Советот на Европа, а кандидати се актуелниот генерален секретар, Норвежанецот г. Торнбјорн Јагланд и г-ѓа Сабина Лојтхојсер Шнаренбергер, поранешен министер за правда на Германија.