сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 13

Делегација од Нанчанг во посета на Град Скопје

Делегацијата од Нанчанг е предводена од Веи Гуохуа (Wei Guohua) заменик директор на Извршниот комитет на Народниот конгрес на Нанчанг, а во делегацијата има претставници од локалната и од регионалната власт од областа на меѓународната соработка, културата и односите со јавноста.

Делегација од Нанчанг во посета на Град Скопје

Делегација од Нанчанг во посета на Град Скопје

Последни вести

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска остварија средба со делегација од збратимениот град Нанчанг, Народна Република Кина.

Делегацијата од Нанчанг е предводена од Веи Гуохуа (Wei Guohua) заменик директор на Извршниот комитет на Народниот конгрес на Нанчанг, а во делегацијата има претставници од локалната и од регионалната власт од областа на меѓународната соработка, културата и односите со јавноста.Sredba so delegacija Nancang 2016 (3)

Градоначалникот Трајановски на гостите им пожели  добредојде и изрази надеж дека истите ќе имаат убав престој во Скопје. Тој потенцираше дека Скопје и Нанчанг имаат богата историја на успешна соработка во многу области и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.

– Скопје и Нанчанг се збратимени 31 година, а ова е втора година по ред во Скопје да се одбележи Кинеската Нова година со настап на културнен асамбл од Нанчанг. На средбата разговаравме за соработката помеѓу двата града, која Sredba so delegacija Nancang 2016 (4)е добра, како и за повеќе форми за продлабочување на истата. Во насока на продлабочување на соработката планираме во текот на оваа година делегација од Скопје да го посети Нанчанг, а како потенцијални области за развивање на соработката се економската соработка и туризмот, кажа градоначалникот Трајановски.

Господин Веи Гуохуа се заблагодари за убавиот прием и ги пренесе поздравите од жителите на Нанчанг, притоа упатувајќи покана до жителите на Скопје и Македонија да ја посетат Кина и Нанчанг.

Вечерва во 19:30 часот во Македонскиот народен театар, по повод Кинеската Нова година ќе се одржи музичка и танцова претстава на културниот ансамбл од Нанчанг.

 

 

Најчитани вести