петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Делегација од Сараево во работна посета на Скопје

На крајот од средбата, делегациите од Градот Скопје и од Сараево се заложија за интензивирање на процедурите за што поскорешно официјално потпишување на спогодбата за збратимување меѓу двата града.

sredba-so-delegacija-od-saraevo-3

Последни вести

Делегација од Град Скопје, предводена од претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и заменик-градоначалникот на Град Скопје, Борче Георгиевски, денеска  во просториите на Советот на Град Скопје оствари работна средба со делегација од Сараево.

Делегацијата од Сараево, која е во работна посета на Скопје, беше составена од Миро Лазовиќ, заменик-претседател на Советот на градот Сараево и потпретседател на комисијата за меѓународна соработка, Омер Пајевиќ, член на Советот на Град Скопје, Елвир Хаџиахметовиќ, секретар на градската администрација на Сараево, Мирјана Џановиќ Станиќ, раководител на Одделението за стручни работи во службата на Советот на Сараево и Адмир Дедовиќ, директор на ЈП „Сараево“.

Ирена Мишева и Борче Георгиевски на гостите од Сараево им посакаа срдечно добредојде и пријатен престој во Скопје.  Миро Лазовиќ во име на делегацијата од Сараево се заблагодари за одличниот прием во Скопје и изрази очекувања за успешната работна посета.

sredba-so-delegacija-od-saraevo-2

На средбата, девете делегации разговараа на повеќе теми од областа на локалната самоуправа, а исто така беа разменети и искуства во однос на функционирањето на советите на двата града. Двете делегации се заложија за интензивирање на соработката во повеќе области – култура, образование, спорт, размена на искуства  во функционирањето на јавниот превоз и меѓународната соработка, a беше разговарано и за можноста за реализација за заеднички проекти.

На крајот од средбата, двете делегации се заложија за интензивирање на процедурите за што поскорешно официјално потпишување на спогодбата за збратимување меѓу двата града.

Најчитани вести