Делегацијата на ЕУ повторно се оградува од Ван Хауте

Делегацијата на Европската Унија во Скопје многу сериозно ги сфаќа обвинувањата за злоупотреба на ИПА фондовите и секој кој поседува таква информација треба да ја достави до ОЛАФ ( канцеларијата за борба со злоупотреби на европскиот буџет). Овастои во реакцијата на делегацијата на ЕУ по јавното обвинување кое дојде од страна на поранешниот посредник во разговорите меѓу партиите Питер Ван Хауте.

Денеска, на последниот работен ден како најверојатно најлош и најпристрасен медијатор во историјата, Питер Ванхауте јавно повика на насилно преземање на власта. За фламанскиот  провокатор  – менување на власта на избори веќе не е опција.

Истиот Ван Хауте кариерата во Македонија ја започна со статусот дека Македонија е сопственост на Грција и ја спореди со Грузија и Русија. Продолжи со секојдневни зајадливи коментари илустрирани со мачиња, а меѓу неговите најпознати изјави е онаа кога фатен во кафеана со сивата еминенција на Сорос во Македонија, Владимир Милчин, луцидниот Ванхауте изјави дека дури и во оваа земја имал право на приватност. Сепак, поради нескриените обожаватели, белгиецот останува да работи во Макеоднија во невладиниот сектор. Очигледно, средбата со Милчин и не била бадијала. Еден од коментарите на социјалните мрежи е во иднина – Брисел да почне да практикува и прегледи на менталниот склоп на своите избраници, превентивно за да се избегнат вакви случаи, пренесе Република.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.