Делегацијата од Србија се запозна со македонскиот систем за електронско издавање градежни дозволи

Тринаесетчлена делегација од Република Србија денес беше во посета на Општина Велес, како дел од студиската посета во Македонија за размена на искуства околу проектот за воведувањето и управување со системот за електронско издавање на градежни дозволи, кој во нашата држава официјално започна да се имплементира од 1 јуни, 2013 година.

Српската делегација ја предводи државниот секретар на Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Александра Дамјановиќ, а во неа се наоѓаат и претставници од локалната власт, градоначалникот на Сремска Митровица, Бранислав Недимовиќ и помошникот на градскиот архитект на градот Белград, Данијела Корица, како и претставник од Агенцијата за стопански регистри на Република Србија.

При посетата на Велес, градоначалникот Славчо Чадиев и одговорните лица од општинската администрација ги запознаа запознаа гостите со целокупниот електронски процес од доставување на документите од страна на инвеститорот, до издавањето на одобрението за градење, во рамките на општината.

Делегацијата имаше можност да подискутира и со претставници од Агенцијата за катастарот на недвижности, а ги служна и искуствата на претставниците од Проектантските бироа кои ги застапуваат граѓаните, за тоа како овој електронски процес придонесува за обезбедување на поквалитетни услуги од страна на локалната власт и за неговите позитивни влијанија.

На состанокот присуствуваа и претставници од Националната алијанса за локален економски развој (НАЛЕД) потоа од националната асоцијација на локални власти на Србија (СКГО), претставници од ГИЗ и од Проектот за унапредување на условите за стопанисување на УСАИД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.