Делев: Ако СДСМ продолжи да не ги решава проблемите, ќе има енормни проблеми во земјоделието

Очигледни се проблемите на терен, очигледни се маките на земјоделците. Оваа година , не се продава праската, оваа година не се продава бостанот, оваа година не се продаваат другите земјоделски култури, не се продава житото, не се продаваат краставиците, буквално целото производство е оставено, изјави Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ при посетата на повеќе населени места во струмичкиот регион, меѓу кои Дабиле, Куклиш и Банско.

„СДС не ги решава проблемите и ако вака продолжи со овој тренд ќе имаме енормни проблеми во земјоделието. Не се доволни изјавите дека ќе се даваат субвенции. Како да се даваат субвенции кога нема вопшто откуп. За време на ВМРО имапе такви проблеми и истите се решаваа, целата Влада се ангажираше, се бараше пласман, се бараше пазар каде тие производи да се пласираат. Ако не се пласираат производите, како овие земјоделци ќе земаат субвенции. Сакам од овде да им порачам, треба да се ангажираат, да ги решаваат проблемите во земјоделието. Не се памти во поновата македонска историја, да за толку кратко време, една власт креира толку многу проблеми, да целата економија застане, целото градежништво, целото земјоделие, целото рударство и со тоа целата држава набрзо може да има еден огромен економски колапс. Проблемите мора да се решаваат на терен“, рече Делев.