Политика

Делев: Доста е со грабежот на струмичани, за криминалот треба да се одговара!

Делев: Доста е со грабежот на струмичани, за криминалот треба да се одговара!

Аболицираниот криминалец Зоран Заев повторно е фатен на лага, во сомнителни тендери со блиски пајташи и партиски функционери, истакна на денешната прес-конференција Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните на Македонија на 11-ти декември гласаа против криминалите на Заев кои изминатите години ги прикриваше зад партиската функција и зад функцијата градоначалник на Општина Струмица.

Граѓаните на Република Македонија очекуваат надлежните институции сериозно да ги истражат тендерите за набавка на гас во Општина Струмица.

Граѓаните очекуваат одговор од надлежните органи на следните прашања:

Дали Митко Андреевски, актуелен Претседател на комисијата за енергетика на СДСМ е основач на фирмата Си Ен Џи Системс која редовно ги добива тендерите во Струмица?

Дали оваа фирма не поседува никаков имот, ниту средства за извршување на дејноста која ја врши?

Дали фирмата на Митко Андреевски има само 1 вработен?

Дали фирмата е регистрирана на адресата „Атанас Раздолов“ бр. 14 во скопската населба Драчево, во семејна куќа на родителите на неговата сопруга?

Како фирма со само еден вработен, без никакви средства и без никаков имот редовно ги добива тендерите за гас во Општина Струмица?

Колку пари фирмата на Митко Андреевски од Општина Струмица инкасирала изминативе 3 години?

И најважно од се, дали фирмата Си Ен Џи Системс ги исполнува сите услови кои ги побарува ЈП Струмица Гас за да го добие тендерот за набавка на гас во Општина Струмица?

Дали Митко Андреевски бил еден од најблиските советници на Бучковски кој бил инволвиран во партискиот скандал кога вртел по емисии и го манипулирал јавното мислење преку службен телефон од министерството?

Граѓаните мора да знаат како и во чии џебови завршуваат нивните пари.

Времето на политичарите како Зоран Заев и нивните послушници и бизнис полтрони заврши.

Времето на „бонбона бизниси“ заврши. Доста е со криминал, доста е со „едно евро за вицето“, доста е со милионски криминали од типот на „Глобал“, доста е со „Цареви Кули“, доста е со фамилијарните тендери на Заеви во Општина Струмица, доста е од корнишони.

Доста е со грабежот на граѓаните на Општина Струмица.

Доста е со измислени средби со Столе пријателот.

Граѓаните на Општина Струмица завршниот удар ќе го нанесат на Заев на локалните избори кои се ближат.

За криминалот треба и мора да се одговара.

Заев и неговите пајташи ќе одговараат за криминалот кој го прават и за грабежот врз граѓаните.