Делев: Нема дискриминација помеѓу домашните и странските инвеститори

Нема никаква дискриминација помеѓу домашните и странските инвеститори. Впрочем имаме и две домашни компании кои се релоцираа во ТИРЗ и произведуваат, така да тоа е само доказ дека ја нема таа разлика вели поранешниот заменик министер за економија Христијан Делев. Тој притоа потенцира дека условите и критериумите за влез во индустриските зони се многу високи.

-Условите за влезот во ТИРЗ се високи. Потребно од компаниите да бидат 100 % извозно ориентирани. Потребно е истите тие компании да вложат десетици милиони евра. Така да нашите компании, поголем дел од нив кои работат на домашен пазар не можат да ги користат тие бенифиции затоа што тој сет е наменет само за извоз. Бидејќи доколку ги ставиме домашните компании во ТИРЗ и произведуваат за домашен пазар ќе се направи хаос на македонскиот пазар и ќе се направи нелојална конкуренција и затоа е направен тој концепт, рече Делев.

 Тој притоа посочи дека почнати се нови проекти како проектот учиме од бизнис заедницата, и странските консултанти во домашните компании. Со сите тие проекти, според Делев сите тие процеси помогнаа да голем број домашни компании да видат дека пазарот е подалеку од Белград и тој процес треба да продолжи.

Делев апелираше дека е почнат нов проект со светска банка кој мора да продолжи а и новата влада треба да го следи тоа за да се продолжи ефектот од странските инвестции врз домашната економија. Со продолжување на овој проект според Делев домашните компании технолошки ќе се развијат, а воедно ќе станат главни добавувачи странските инвеститори.