Делев: Во историјата на ниту една држава се нема случено преку ноќ некоја давачка да се покачи за 80 проценти

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно одржува панел дискусија на која се обрати поранешниот заменик министер за економија Христијан Делев. Тој на панел дискусијата „ПОДОБРИ И РАЗЛИЧНИ: ВМРО-ДПМНЕ намалуваше, СДСМ зголемува даноци“ говореше за покачувањето на даноците кое го најави СДСМ во својата програма.

-Во минатото ние вложивме многу енергија, многу труд, огромни реформи за да стане Македонија конкурентна држава. Македонија беше апсолутно најнеконкурентната држава во регионот, па и на светски рамки, со огромна даночна евазија. Во Македонија се плаќаа многу повеќе даноци, отколку во европските држави, заради тоа што даноците беа ниски. Колку пониски се даноците, луѓето се стимулираат да ги плаќаат истите. Македонија беше позната дека има воспоставено многу добар даночен систем, на никој не му исплатеше да прави даночна евазија.

Делев напомена и дека Македонија поради реформите кои ги вовела стигнала до топ 3 реформатор на светско ниво, топ 4, топ 5, за да бидеме меѓу, за да бидеме меѓу четирите најконкурентни економии во Европа, заради ниските даноци.

-Во историја на една држава се нема случено преку ноќ данокот да се покачи од 10 на 18 проценти, некоја давачка да се покачи за 80 проценти. Влади паѓаат на светско ниво за покачува на 1, 2 или 3 проценти, цели системи паѓаат, а овде имаме зголемување за 80 проценти во еден сегмент

Тој кажа дека покачувањето на ефективниот данок ќе биде покачен за 32 проценти, што е во светски рамки непознато. Тој ги запраша економските експерти во СДСМ дали имаат земено некој светски пример. Делев напомена и дека новите даноци покрај тоа што нема да донесат нови странски инвестиции, туку ќе доведат до тоа и да си заминат сегашните компании кои инвестирале во Македонија.