„Делии“ најавија одмазда за убиството на Марко

По инцидентот во Истанбул и убиството на член на навивачката група „Делии“, на социјалните мрежи веќе започна да се пишува каде би можела да биде одмаздата на „црвено-белите“.

Наводно, „Делии“ својот брат и другар ќе го одмаздат заедно со навивачите на Олимпијакос, на последниот натпревар од групната фаза во Евролигата (18 или 19 декември).

Ова е веќе познат случај, ако се знае дека и минатата сезона навивачите на Црвена Звезда и Олимпијакос заедно се појавија на гостувањето кај Галатасарај.

Интересно ќе биде да се види како ќе реагира и Евролигата, ако се знае дека според правилата, не може да биде забрането да има присуство на гостински навивачи.