Делови на Аеродром без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека денеска во периодот од 9 до 15 часот без вода ќе останат неколку улици и објекти во општина Аеродром.

Во соопштението се вели дека без водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците Пандил Шишков и Коста Новаковиќ, како и објектите на Американ Колеџ, ЖТП и Раде Кончар.

Од РЦУК- Град Скопје додаваат дека прекинот е поради нов водоводен приклучок.