Делови на Аеродром утре без вода

Корисниците од високата зона на ул. „Кузман Јосифовски Питу“ од број 24 до број 30 во општина Аеродром ќе бидат без вода од 00:00 до 06:00 часот (вторник спрема среда), наместо како што првично беше најавено од РЦУК Скопје, дека прекинот ќе биде утре од 10:00 до 14:00 часот.

Прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради изведување на приклучок од Ф-100мм. на ул.„Симеон Кавракиров“ бб. во населба Аеродром.