Делови на повеќе населби утре без струја

Без електрична енергија утре од8  до 10.30 часот ќе останат дел од корисниците од булевар Трета Македонска Бригада ( општина Аеродром ), Од 8.30 до 13 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците во селата Црешево и Смиљковци ( општина Гази Баба ). Исто така, од 9 до 15 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Долно и Горно Свиларе ( општина Сарај ).

Во периодот од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците: Жданец, Пресека, Нерешка, Девол и Теодосиј Синаитски (општина Карпош ), како и  дел од корисниците од улиците Црногорска, број 6 и број  8 во општина Ѓорче Петров.

 Во периодот од 9.30 до 14 часот, дел од корисниците од улица1 во село Грчец, ќе немаат струја ( општина Сарај )

Без струја ќе бидат и дел од корисниците од улица Јуриј Гагарин од број 65а ( општина Карпош ), во периодот од 10 до 13 часот,  а од 11 до 13 часот, струја нема да има на дел од  улиците 1612 и 1613 број 50 ( општина Аеродром ).