Делови од Аеродром, Припор и Сопиште утре без вода

Прекин во водоснабдувањето утре ќе имаат корисниците од високата зона, односно повисоките катови од зградите во населбите Стар Аеродром, Јане Сандански и Ново Лисиче, корисниците од населбата Припор и од селата Сопиште, Ракотинци и Добри Дол во општина Сопиште.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекинот е поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа на локација Сервисна Зона Југ во кругот на ЈП „Улици и Патишта“.

– Затворањето на водата ќе биде во 8 часот, а корисниците ќе имаат вода се додека не се испразнат резервоарите. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на интервенцијата, соопшти РЦУК-Скопје