Делови од Аеродром, Сопиште, Сарај и Ѓорче Петров утре без струја

Поради закажани технички зафати, без електрична енергија утре бидат дел од корисници во општините Аеродром, Сопиште, Ѓорче Петров и Сарај, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија.
Од 13 до 14.30 часот струја ќе немаат корисници на ул. 2 во село Долно Лисиче во Аеродром, од 9 до 12.30 часот селата Барово и Чифлик во општина Сопиште, од 9.30 до 15 часот – ул. Пелагонија во општина Ѓорче Петров и од 8.30 до 14 часот село Рашче во општина Сарај.