Делови од Бутел и Шуто Оризари утре без вода

Поради дефект во делови од скопските населби Бутел и Шуто Оризари утре ќе има прекин во водоснабдувањето.

Корисниците од улиците „Александар Бујнов“, „Бетовенова“, „Петар Манџуков“ и „Натанаил Кучевишки“ во општина Бутел, како и поголем дел од корисниците од населбата Шуто Оризари утре од 8 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е санирање на уличен дефект на цевка со пречник од 300 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Александар Бујнов“ и „Бетовенова“ во населбата Бутел 1, од страна на екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Корисниците ќе бидат без вода за пиење се до санирањето на дефектот.