среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 57

Делови од Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош утре без струја

Без струја утре ќе бидат дел од корисниците од општините Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош, соопшти РЦУК на Град Скопје.

струја

Поврзани вести

Во периодот од 8:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Живко Чинго, како и дел од корисниците од улиците Радњанска и Дебарца во општина Центар.

Корисниците од улиците 1330, 1343 и Мите Богоевски во општина Аеродром утре од 8:30 до 10:30 часот ќе останат без електрична енергија.

Од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од викенд населбата Веле Поле во општина Ѓорче Петров, од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Периша Савелиќ во општина Центар, како и дел од корисниците од ул. Христо Батанџиев во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Загребска – подулици 1, 3, 5 и 7, како и дел од корисниците од ул. Караорман кон Водно во општина Центар.

Без струја во периодот од 9:30 до 13:00 часот ќе бидат корисниците од улиците Московска и Лондонска, како и дел од корисниците од ул. Хелсинки, а од 10:00 до 15:00 часот и дел од корисниците од ул. Жданец во општина Карпош.

Најчитани вести