Делови од Центар денес без вода

Корисниците од улиците „Благоја Давков“, „Славка Недиќ“ и „Дане Крапчев“ во општина Центар денеска од 9 часот ќе немаат вода поради изведување водоводен приклучок од ф-80 мм на ул.„Благоја Давков“ бр.2.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, корисниците од овие делови на Центар ќе останат без вода се до завршување на интервенцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.