Делови од Центар утре без вода

Поради изведување водоводен приклучок  ф-150мм  на булеварот Метрополит Теодосие Гологанов бр. 65б, во периодот од 8 до 15 часот без вода ќе бидат корисници од повеќе делови од општина Центар.

Како што соопшти денеска РЦУК, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул. Метрополит Теодосие Гологанов, ул. Рајко Жинзифов, ул. Христо Смирненски, ул. 9 ти Мај, ул. 29ти Ноември, ул. Петар Поп Арсов, ул. Стефан Цветковски, ул. Роза Луксембург,ул.  Диме Аницин, ул. Костурски Херои и ул. 20-ти Октомври.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.