Делови од Центар утре без вода

Корисниците од делови на општината Центар во текот на утрешниот ден ќе бидат без водоснабдување.

По известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација, РЦУК на Град Скопје ги известува граѓаните дека  поради дефект на приклучна цевка  од ф1 на ул.27 Март  во населбата Центар, утре од 08:00  часот без  водоснабдување  ќе  останат  корисниците   од ул.27 Март, Скопска, Орце Николов и Максим Горки  до отсранување на дефектот. (општина Центар)