Делови од Ѓорче Петров и Центар утре без струја

Корисниците лоцирани на улицата „Славка Недиќ“ утре од 8 до 11 часот ќе бидат без електрична енергија. Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Бернард Расел“.

Како што информира РЦУК–Скопје, прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони.