Делови од Ѓорче Петров, Сопиште и Сарај утре без струја

Корисниците од селата Ракотинци и Добри Дол во општина Сопиште, како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, утре ќе останат без електрична енергија во периодот од 08.30 до 15.00 часот.

Без струја од 09.00 до 15.00 часот ќе бидат и делови од општината Сарај, односно објектот на СРЦ Сарај и корисниците од селата Крушопек и Сарај – подулици бр.3 и бр.5.

Во истиот период од  09.00 до 15.00 часот без струја ќе бидат и корисниците од ул. Ѓорче Петров – подулици бр.3, бр.5 и бр.7, како и корисниците од ул. Трајко Бошковски – Тарцан, а од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Ибе Паликуќа бр.20, како и дел од корисниците од улиците Злате Михајловски и Кичевска во општината Ѓорче Петров.