Делови од Ѓорче Петров и Сопиште утре без струја

Од 9 до 12 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „4 Јули“ во општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 9 до 10 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „1“ во село Горно Соње, општина Сопиште.

Без струја од 9:05 до 15 часот ќе бидат корисниците од селата Држилово и Патишка Река, викенд населбите во истите села и „ПЦЦ Хидро“ во село Патишка Река, општина Сопиште.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електросистемот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.