Делови од Ѓорче Петров и Илинден утре без струја

Без струја утре од 6.30 до 7.30 часот ќе бидат корисниците од село Никиштани, поранешните полициски магацини кај Качанички пат, дел од село Волково, ул. Шарпланинска, сепарациите на Лепенец, село Орман, викенд населбата Вртачица, бензинската станица Дизел, објектите кај железниот мост на река Лепенец, дел од село Ново Село и асфалтните и бетонските бази на Качанички пат во општина Ѓорче Петров.

Регионалниот центар за управување со кризи по добиеното известување од ЕВН Македонија а.д. соопшти дека прекинот е поради технички зафати во електромрежата.

Во периодот од 6.30 до 11 часот утре без електрична енергија ќе бидат и корисниците од селата Бучинци, Мршевци, Текија, Грушино, Бујковци и дел од село Миладиновци во општина Илинден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.