Делови од Ѓорче Петров утре ќе останат без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека, на ден 24.01.2018 (среда) заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 08:30 до 14:30 часот струја нема да имаат корисниците од дел од ул. „Арсениј Јовков“, дел од ул. „Сремски Фронт“, дел од ул. „Ѓорче Петров“ во близина на општинката зграда како и дел од ул. „Мечкин Камен“.