Делови од Карпош и Кисела Вода без вода и струја

Во периодот од 8:30 до 11:30 часот  без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. Хелсинки бр.41 и Петре Пирузе од бр.6 до бр.12, а од 9:00 до 15:00 часот, дел од корисниците од ул. 7, 20 и 22 во село Нерези на пат за село Крушопек во општина Карпош.

Без струја од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат и дел од корисниците од бул. Борис Трајковски на крстосница со ул. 1523, како и корисниците од ул.1523 во општина Кисела Вода.